Судијата му даде црвен картон на Куман, ќе добие ли црвен картон и од Лапорта?

by
1 минути читање

Барселона нема победа на последните три официјални натпревари, се редат негативните резултати, а играта не влева надеж дека доаѓаат подобри денови.

Шпанските медиуми постојано пишуваат за иднината на Роналд Куман, неговото столче сериозно се тресе и се очекува наскоро да добие отказ.

Синоќа, во последните моменти од натпреварот, судијата му покажа црвен картон на Куман поради една негова жестока реакција. Прашањето е дали така, со црвен картон ќе заврши неговата тренерска кариера во Барселона.

На потег е претседателот на клубот, Жоан Лапорта кој треба да пресече. Има неколку кандидати за наследник на Куман, а како најсериозен се издвојува Чави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани