„Судиите судат за поголемите тимови, имав впечаток како да сакаше автограм од Нејмар“

by
1 минути читање

Лајпциг со гол од пенал во судиското продолжение дојде до 2-2 против ПСЖ, но на натпреварот можеше се да се случи, да, победат и домаќините, и гостите, па се чини дека ремито е реален исход.

Тренерот на Лајпциг, Џеси Марш неколку пати во текот на мечот гневно реагираше на судиските одлуки, а доби и жолт картон. Неговиот впечаток е дека судиите им помагаат на поголемите клубови.

„Имам впечаток дека судиите судат во полза на поголемите клубови, а на штета на малите. Тешко е да добиете почит од судиите. Ми изгледаше како судијата да сака да добие автограм од Нејмар“, изјави Џеси Марш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани