Судиите против Мурињо: Неприфатлив театар, не смее да се повтори!

by
1 минути читање

Жозе Мурињо се
нашол на тапат кај Асоцијацијата на судии од Италија (АИА), медиумите пренесуваат
дека однесувањето на Жозе Мурињо на дербито помеѓу Лацио и Рома било ставено
под лупа.

Како што
пренесува „Ил Месаџеро“, на судиите не им се доападнало тоа што го правел „специјалниот“
крај аут линијата, и биле испратени пораки како „Неприфатлив театар“, „Не смее
да се повтори“
и „Мораме да бидеме построги“.

По крајот на
натпреварот, Жозе Мурињо не го криеше разочарувањето од начинот на кој се
делела правдата и не само што прстот го впери кон судијата Гвида, ги прозва и луѓето во ВАР
собата.

Тренерот на Рома имаше замерки за недосуден пенал при стартот на Хисај
врз Ѕаниоло, епизода по која падна гол за водство на Лацио од 2-0. Португалецот
исто така смета дека Лукас Леива залужил втор жолт картон и исклучување кога на
стартот од вториот дел со лакт го закачил Мхитарјан по еден воздушен дуел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×