Судиите му го расипаа јубилејот на Мурињо, Португалецот побара да се смени името на фудбалот

by
2 минути читање

Во 90. минута од натпреварот Заниоло постигна одличен гол од далечина за водство на Рома од 1-0, но судиите во ВАР собата најдоа фаул од Абрахам во почетокот на акцијата и го поништија голот.

Потоа Заниоло доби црвен картон откако употреби некои забранети зборови кон судијата. 

За Мурињо ова беше јубилеен 100. натпревар во Серија А, но на пресот не можеше да се воздржи, беше гневен на судиската одлука.

„Доколку судијата донесе вистинска одлука, тогаш нашиот спорт кој уште пред многу години стана спорт кој луѓето го сакаат, сега се менува. Ова веќе е различен спорт“, вели Мурињо.

„Доколку тоа е фаул, тогаш ова повеќе не е фудбал. Треба да го промениме името, да дадеме некое друго име на оваа игра. Потребно ни е ново име, бидејќи ова сега е нов спорт“.

„Но ова за Рома де „дежа ву“, оваа сезони веќе многу пати ни се случи. Рома постојано е гледана како „мал“ клуб во очите на оние кои се моќни“.

Мурињо не е бесен само за поништениот гол, туку и за црвениот картон на Заниоло и третманот кој го имаат судиите кон напаѓачот.

„Зборував со судијата бидејќи според мене тоа беше погрешно. Дали мислите дека доколку Заниоло играше за Интер, Јувентус или Милан, ситуацијата ќе беше иста? Него не му е досуден пенал цела сезона, постојано е фаулиран, кога ќе ја отвори устата автоматски добива картон. Има седум или осум жолти картони и два црвени, креативен играч како Заниоло“.

„Денеска Заниоло беше исклучен затоа што трипати му рече на господинот Абисо „Што побогу свирирна?“. Трипати по ред му го кажа тоа, но тоа не беше навреда“.

„Ако јас сум судијата, откако некој ќе слави гол во 90. минута, а потоа ќе види дека голот му е поништен, природно е да е фрустриран. Ќе му дадеш само жолт картон и тоа е тоа“.

„Дали мислите дека црвен картон ќе добиеше пример, Лаутаро Мартинез за Интер на Џузепе Меаца? Или Џорџо Кјелини на стадионот на Јувентус? Или Златан Ибрахимовиќ на Сан Сиро?“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×