Суарез со солзи во очите: Барселона не ме вреднуваше, ме потцени, Атлетико ја отвори вратата за мене… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Куман реши дека нема потреба од Суарез, па тој од Барселона беше продаден на Атлетико Мадрид.

Тој прифати да игра за помала плата за да докаже дека вреди. Го направи тоа, постигна 21 гол оваа сезона, го постигна победничкиот погодок денеска против Ваљадолид и со огромни емоции ја прослави титулата.

„Барселона не ме вреднуваше… тие ме потценија и Атлетико Мадрид ја отвори вратата за мене и ми даде шанса. Секогаш ќе му бидам балгодарен на овој клуб што веруваше во мене“, во солзи изјави Суарез.

Уругваецот потоа седна на теренот, го зема мобилниот да се јави на својата фамилија, но не престана да плаче. Видеото покажува колку му значи оваа титула.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×