Суарез се договорил со Атлетико, но остануваат две големи пречки за трансфер на Уругваецот

by
1 минути читање

Откако му
пропадна трансферот во Јувентус, Луис Суарез си подал рака со Атлетико Мадрид. Како
што пренесува Мундо Депортиво, напаѓачот ги договорил личните услови со клубот
од „Ванда Метрополитано“ и е во постојан контакт со директорот Хил Марин и
тренерот Диего Симеоне.

Сепак, остануваат
две големи пречки за реализација на зделката. Луис Суарез треба да пронајде
јазик со Барса за прекин на соработката. „Каталонците“ му понудиле 7 милиони
евра и одврзани раце да оди каде сака, но играчот бара целосна исплата на
последната година, односно 14 милиони евра.

Исто така,
Атлетико Мадрид треба да направи место во своите редови. Намерата е да биде продаден Диего Коста за да приберат десетина милиони но и да се тргне неговата плат од сметката. Сепак, во моментов нема понуди за Бразилецот со шпански пасош. Втора опција е заминување на Алваро Мората, за кого интерес пројавува Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани