Суарез му покажа на Куман колку вреди, Атлетико Мадрид може да ѝ се заблагодари на Барса за титулата

by
0 минути читање

Пред почетокот на подготовките за оваа сезона Роналд Куман му се заблагодари на Луис Суарез, му рече дека не е доволно добар за да продолжи да игра за Барселона и може да си бара нов клуб.

Барселона го продаде Суарез во директен ривал за титулата, во Атлетико Мадрид и погреши.

Луис Суарез оваа сезона во Примера постигна 21 гол имаше и три асистенции, беше убедливо најдобриот стрелец на Атлетико Мадрид, а денеска го постигна и победничкиот гол против Ваљадолид. Уругваецот ја направи разликата и му ја донесе титулата на Атлетико Мадрид. Секоја чест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×