Суарез и Барса се договориле за прекин на соработката, слободно може да потпише за Атлетико каде го чека плата од 9 милиони

by
0 минути читање

Луис Суарез повеќе не е фудбалер на Барселона, неколку извори пишуваат дека Уругваецот и „каталонците“ си подале рака за прекин на соработката и се чека само официјално соопштение.

Двете страни направиле компромис, Луис Саурез се откажал од барањето да ја добие целата плата за сезоната 2020/21 (14 милиони евра) а за возврат добил одврзани раце да си пронајде нов клуб.

Па тој сега слободно може да потпише за Атлетико Мадрид, се верува дека на „Ванда Метрополитано“ го чека двегодишен договор и плата од 9 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани