Македонскиот прволигаш Струга го засили голманскиот кадар со ангажманот на Андреј Јовчевски, кој пристигнува од редовите на Пелистер.
Дваесет и двегодишниот чувар на мрежата, кој целата досегашна кариера ја мина во битолскиот клуб, стави потпис на тригодишен договор со актуелниот прволигаш.
Јовчевски зад себе има 56 настапи за сениорскиот тим на Пелистер, со кои се етаблираше како еден од најперспективните млади голмани во домашното првенство.
Од Струга откриваат дека за неговите услуги интерес покажале и клубови од Албанија, Хрватска, Унгарија и Романија, но тој се одлучил кариерата да ја продолжи во македонскиот клуб.
Во новата средина Јовчевски ќе конкурира за местото меѓу стативите со Васко Василев и Марко Анџелети.