Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб и репрезентацијата на Хрватска, Никола Покривач синоќа го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа и директен судар со несовесен возач кој претекнувал на полна лента.
Хрватскиот фудбал тагува, вчера во сообраќајна несреќа животот го загуби 39 годишниот Никола Покривач.
Како што брифираа од полицијата, несреќата се случила синоќа околу 20:15 на обиколницата во Карловац, кога несовесен возач со возило Ауди со австриски регистарски таблички претекнувал на полна лента и директно се судрил со БМВ-то кое го управувал Никола Покривач.
Stravičan udes u Karlovcu: Poginuo bivši reprezentativac Hrvatske Nikola Pokrivačhttps://t.co/dMKLC47B4d
— Patria (@AgencijaPatria) April 19, 2025
Од фотографиите се гледа дека сообраќајната несреќа била страшна, двете возила се со смачкан преден дел.
Покрај Никола Покривач, во возилото имало и тројца негови соиграчи од аматерскиот клуб НК Војниќ 95, двајца од нив заработиле тешки повреди и се борат за својот живот.
Во сообраќајната несреќа загина и возачот на Ауди-то, а сведоци на оваа трагедија биле и неговата сопруга и децата, кои биле во друг автомобил во колоната и виделе што се случува.
'Pretjecao je i zabio se u BMW u kojem je bio Pokrivač. Poginuo je i on. Pred ženom i djecom…' https://t.co/wDKAgcQCzu
— 24sata (@24sata_HR) April 19, 2025