Столе Димитриевски џабе чекаше цела година, Македонецот разочаран од последниот потег на Валенсија

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Столе Димитриевски е на излезна врата од Валенсија, тренерот Карлос Корберан побарал ангажман на нов голман, потег кој не му се допаднал на Македонецот.

Столе Димитриевски минатото лето потпиша со Валенсија со намера да биде прв голман на „Местаља“ но плановите се изјаловија откако Гиорги Мамардашвили реши да остане уште една сезона.

Грузиецот дури ова лето ќе се пресели во Ливерпул и конечно ќе му го остави местото помеѓу стативите на Столе Димитриевски, но последните информации велат дека плановите повторно ќе бидат променети.

Тренерот Карлос Корберан побарал ангажман на нов голман кој ќе му конкурира на Македонецот за бројот 1, потег кој не му се допаднал на Столе Димитриевски.

Тој смета дека откако цела година мирно седел во сенката на Гиорги Мамардашвили, дошло неговото време да биде прв голман на Валенсија.

Па Столе Димитриевски ќе ги разгледа сите понуди што ќе пристигнат на негова адреса и е отворен за промена на средината.

ФОТО: X/Valencia CF

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани