240
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски продолжува да блеска во дресот на Валенсија и денеска повторно беше херој.
Валенсија одигра 1-1 против Рајо Ваљекано, а големи заслуги за освоениот бод има токму Димитриевски, кој со фантастична интервенција спречи сигурен погодок на гостите.
Двата погодоци на натпреварот беа постигнати во првото полувреме. Лајун донесе предност по 20 минути игра, додека Лопез во завршницата на првиот дел го постави конечниот резултат.
За Рајо и Нтека не реализираше пенал во првото полувреме кога ја погоди стативата од голот на Димитриевски.
Standings provided by Sofascore