Тотнем идната
седмица би можел да оствари средба со искусниот италијански фудбалски стратег
Маурицио Сари, околу можноста да се наследи Жозе Мурињо на клупата на тимот од
Лондон, известуваат во Италија.
Мурињо е под
голем притисок во Северен Лондон по фрустрирачката сезона која ги доведе „Спарси“
во ситуација да заостануваат шест бода зад позициите кои носат пласман во
Лигата на шампионите за идната сезона, а секако огромно разочарување за нив
беше и елиминацијата од Динамо Загреб во Лига Европа.
Што се однесува
пак до Сари, тој е без ангажман по отказот на клупата на Јувентус, а „Газета
дело Спорт“ пренесе дека тотнем посакува да оствари средба со него, а тоа би
можело да се случи уште идната седмица.
Се верува дека
Тотнем бил сериозно заинтересиран за Сари уште во летото 2018 година, кога тој
си замина од Наполи за да го преземе кормилото на Челси.