На четири кола до крајот Милан падна на шестата позиција откако синоќа загуби на гостувањето кај Торино. Не само што мислијата за топ 4 е тешка, туку клубот може и воопшто да не се пласира во Европа.
На последните осум натпревари Милан има само една победа, две нерешени средби и дури пет порази меѓу кои е и елиминацијата од купот на Италија од Лацио.
Италијанските медиуми, „Скај Спорт Италија“ и „Газета дело Спорт“ пишуваат дека директорите веднаш по мечот имале состанок за иднината на Гатузо.
Иван Газидис, Леонардо и Паоло Малдини цели 90 минути биле заклучени на состанок по последниот свиреж на судијата.
Не е познато што одлучиле, но позицијата на Џенаро Гатузо е сериозно загрозена и се очекува да биде сменет, можеби и пред сезоната да заврши.