Стојчевски: Сите знаеме која е Белгија, ама кога се игра за националниот дрес се дава максимум!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската селекција стигна до реми (1-1) против Белгија, резултат кој носи голем бод и задоволство кај фановите, а уште повеќе кај фудбалерите.

Еден од најемотивните по натпреварот беше дебитантот Андреј Стојчевски, кој го одигра својот прв меч за сениорскиот состав.

Ова ми беше деби за А-селекцијата за мене, на секој еден играч сон му е да игра на ваков голем меч за Македонија. Гордост за мене и за моето семејство, прекрасен ден. Им посакувам на сите да доживеат ваков ден. Околу мечот, имавме доста шанси, посебно во првиот дел. Но, на крајот излезе добро за нас, затоа што губевме. Голот на Џани Алиоски беше предобар, ова е важен бод и наше е да го потврдиме ова добро издание во Казахстан. Сите знаевме каков квалитет има Белгија, беа офанзивни, посебно со Доку и Де Брујне. Беше тешко, но кога се игра за националниот дрес секогаш мора да си спремен да го дадеш максимумот“, изјави Стојчевски.

По три одиграни кола, Македонија има пет бодa, а на врвот на табелата во групата Ј е Велс со седум, по победата од 3-0 над Лихтенштајн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани