Стојановски: Во второто полувреме ја чувавме енергијата

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација денеска во Астана забележа исклучително важна победа против Казахстан од 0-1, а херој беше Александар Трајковски кој го постигна погодокот во 33. минута.

Репрезентацијата поради суспензијата на Благоја Милевски ја предвоеше неговиот прв асистент, Роберт Стојановски.

„Одигравме две различни полувремиња. Ние како стручен штаб знаевме за состојбата на играчите по оној интензивен меч со Белгија. Вториот дел беше договорено да играме малку позатворено во втората зона, со цел да ја зачуваме енергијата до крај. Во ситуација кога немавме друга опција, моравме да го направиме тоа. Не секогаш кога играме добро, можеме да победиме. Така беше сега, се случуваат такви работи. Точно е дека во вториот дел Казастан одигра добро, но го задрживме мечот под контрола. Точно знаевме кои се квалитетите на ривалот и нив ги неутрализиравме. “, изјави Стојановски.

По четири кола во квалификациите за Светското првенство, Македонија е без пораз со осум освоени бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани