Стоичков до Дембеле: Доколку не сакаш да бидеш во Барса, барем не ја оцрнувај значката

by
1 минути читање

Осман Дембеле
одбива да го продолжи договорот со Барселона под условите кои ги нуди клубот, а
таквата ситуација ги тера Каталонците да го продадат Французинот уште во
јануарскиот преоден рок со цел да заработат одредена сума на обештетување.

Коментирајќи ја
ситуацијата околу Дембеле, поранешниот легендарен фудбалер на Барселона, Христо
Стоичков упати директна порака до Французинот.

Доколку не сакаш
да бидеш во Барселона, барем не ја оцрнувај значката
“ му порача Стоичков на
Дембеле.

Упатувам аплауз
до Чави поради тоа што не го носи во соблекувалната тој фудбалер, таа
соблекувална заслужува почит, има историја цели 121 година, го повикувам
Лапорта да ја отвори вратата за тие што не сакаат да бидат таму, јас се потев
во тој дрес
“ додаде Бугаринот.

Дембеле никогаш
не успеа да разбере што значи Барселона, јас тоа успеав да го сторам како
странец, во периодот на Кубала, Караско, Линекер, Бакеро и Салинас, сите тие ја
знаеа приказната, а тој се уште не успеа да го разбере тоа
“ заклучи Стоичков.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×