Челси го победи Вест Хем со 3-0, а Вернер и на овој меч не успеа да постигне гол иако имаше неколку прекрасни шанси.
Ова беше десетиот натпревар по ред на Вернер без да постигне гол, еден од нив е дуел на германската репрезентација, а останатите се во дресот на Челси во Премиерлигата и Лигата на шампионите.
Голгетерската криза ја разниша самодовербата кај Венер, кој не успева да реализира од идеални шанси.
Некои критичари сметаат дека Лампард треба да го седне Вернер на клупата со оглед на тоа дека има убава палета од офанзивни фудбалери кои би можеле поефикасно да го заменат.
Во следното коло се игра градското дерби меѓу Арсенал и Челси, можеби тоа ќе биде мечот кога Вернер конечно ќе даде гол.