Што се случува со Санчо? Не е истиот фудбалер откако не замина во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Санчо минатата сезона играше во фантастична форма по што го привлече вниманието на гигантите. Борусија Дортмунд му одреди цена од 120 милиони евра, Манчестер јунајтед до последен момент се поврзуваше со него, но не успеа да се договори со германскиот клуб.

Сега формата на Санчо е многу поразлична од ланската, Англичанецот е непрепознатлив, барем според статистиката која не му оди во прилог.

Оваа сезона даде само два гола за германскиот клуб, едниот во Лигата на шампионите, а другиот во Купот на Германија, третиот гол му е за англиската репрезентација.

„На Џејдон му фали флуентност. Неговата игра е само делумно препознатлива во моментов“, вели еден од директорите на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел.

„Но тоа е само привремен феномен, нешто што мислам дека наскоро ќе заврши. Тоа не е влијание на интересот на Јунајтед“.

„Знаедно ќе го надминеме ова. На Џејдон не му е гајле за шпекулациите. Знаеме дека тој работи да ја врати формата“.

Доколку не успее да ја врати најдобрата форма, Санчо ќе си ја намали и цената, Борусија Дортмунд сигурно нема да може да земе за него 120 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×