„Старата дама“
има тешка мисија да се најде во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако
вечерва загуби на гостувањето на Ванда со 2-0. Погодоците дојдоа во последните
15 минути од мечот и тоа по прекин.
Во првата
ситуација, Хименез најдобро се снајде и го матираше Шчезни, додека во втората
најспретен беше Диего Години. За вториот гол, доста критики беа упатени на
адреса на Кристијано Роналдо.
ЦР7 беше премногу
пасивен и наместо да влезе во шутот на Диего Години, се фокусираше повеќе на
тоа како да се заштити од евентуален удар на топката во неговото лице, па се
сврете со грб кон Уругваецот.
Кристијано
Роналдо имаше прилично тивка вечер на Ванда и покрај тоа што „колчонеросите“ му
се „омилен муштерија“ и до сега има постигнато 22 погодока во дуелите со Атлетико.