Дони ван де Бек беше провото засилување на „ѓаволите“ во летото во 2020, за неговите услуги беа платени преку 40 милиони евра, но Холанѓанецот не успеа да се наметне во првиот тим.
Во последните денови од летниот преоден рок во 2021 година, Ван де Бек побара да замине, се говореше за негов трансфер во Евертон, но Оле Гунар Солшер ја блокираше зделката со образложение дека ќе смета на фудбалерот од средниот ред.
Но Дони ван де Бек одново не добива шанса, против Тотнем не доби нути една минута и целиот натпревар го помина на клупата.
На социјалните мрежи сега се појави видео од загревањето пред натпреварот и многумина сметаат дека било покажано непочитување кон фудбалерот.
Ван де Бек имаше улога на тренер и им местеше топки на Фернандеш, Роналдо, Кавани и останатите фудбалери во вежбата, и изведувањето шутеви од врвот на шеснаесетникот.