Што им рекол Инзаги на фудбалерите на Интер по поразот од Ливерпул

by
1 минути читање

Според „Газета дело Спорт“ тренерот Симоне Инзаги по поразот од Ливерпул во соблекувалната ги бодрел своите фудбалери, им рекол дека одиграле одличен меч и со такви перформанси ќе победат на многу натпревари во Серија А.

Тој им рекол дека Ливерпул е еден од најдобрите клубови во Европа и играчите на Интер можат да бидат горди на тоа што го покажаа на теренот.

Инзаги и во изјавата по мечот го пофали својот тим и кажа дека заслужиле повеќе.

„Јасно е дека заслуживме повеќе, но овие перформанси може да влијаат за добри резултати во иднина. Ливерпул е еден од најдобрите тимови, ние одигравме добро и заслуживме повеќе. Знаевме дека овие ноќи можат да бидат вакви, но нашата игра ни дава самодоверба бидејќи одигравме одлично“, изјави Инзаги по мечот.

Следниот предизвик на Интер е во недела во Серија А против Сасуоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×