Што да се каже кога АС и Марка ќе признаат: Немаше пенал врз Касемиро! (ФОТО)

by
2 минути читање

Изминатиов
период, Реал Мадрид во неколку наврати се жалеше дека бил оштетен од судиите а
Флорентино Перез дури испрати и писмо до првите луѓе на лигата барајќи
објаснување за некои одлуки со ВАР кои беа на штета на „кралевите“.

Ваквиот притисок очигледно се исплатеше па Реал Мадрид вечерва со непостоечки
пенал стигна до три бода на гостувањето кај Леванте.

За тоа колку
контроверзна беше одлуката на судијата говори и тоа што АС и Марка, весници кои
се блиски до „кралевите“ и секогаш ги бранат нивните интереси, признаваат дека
немало пенал врз Касемиро.


„Нема контакт
помеѓу Дукуре и Касмерио, повторените снимки покажуваат дека судијате не
требаше да покаже на белата точка“
– вели Андухар Оливер, кој за Марка ги
коментира сите спорни ситуации.

Марка исто така
спроведе и анкета, на која гласаа преку 120.000 луѓе и 75% сметаат дека немало
пенал.

Итуралде
Гонзалез, поранешен судија, кој пак прави анализа за АС вели: „Според мене ова
не е пенал. Касемиро се фрли. Дукуре замавна во воздух, не го удри Касемиро.
Доколку судијата не досудеше пенал, ВАР немаше да се огласи“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани