159
Во изминатите години Баерн Минхен често знаеше да купува од своите ривали во Бундеслигата, најчесто од Борусија Дортмунд. Ги купи Левандовски, Хумелс, Геце… а сега следен е Халанд.
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ го потврди интересот за напаѓачот.
„Тој е топ играч и слушнав дека исто така е добро момче. Но тој е играч на Дортмунд. 60 голови во 60 натпревари. Треба да се обидеме да го купиме, би биле тотални аматери ако не пробаме“, вели Салихамиџиќ.
Сепак се верува дека Реал Мадрид ќе биде фаворит за потписот на Халанд. Но останува да видиме. Планот е и оваа сезона да остане во Борусија Дортмунд, а следното лето да го промени клубот.