Играчот на Манчестер Сити, Рехим Стерлинг отсекогаш бил гласен говорник во борбата против расизмот. Овој пат смета дека црнците не добиваат иста шанса да бидат тренери како и белците.
„Секогаш давам примери поврзани со фудбалот. Ќе ви дадам еден перфектен. Ги имате Стивен Џерард и Френк Лампард, и ги имате Сол Кембел и Ешли Кол“, вели Стерлинг.
„Сите тие имале одлични кариери, сите играле за Англија. Во исто време ги добиваа тренерските значки со највиски оценки, и двајцата кои не добија вистинска тренерска шанса се двајцата поранешни играчи кои се црнци“.
„Има околу 500 фудбалери во Премиерлигата и третина од тие се црнци, ние немаме наши претставници во хиерархијата, немаме наши претставници во стручните штабови“.
„Нема многу лица со кои можеме да се поврземе и да имаме конверзација“.