Англија со две
победи и едно реми се чекираше во осминафиналето од Европското првенство каде
ќе ги одмери силите со Германија, „Гордиот албион“ досега постигна два гола, а
истите беа дело на Рахим Стерлинг.
Фудбалерот на
Манчестер Сити смета дека успех со националниот состав би бил нешто многу
повеќе од претходните и досегашни успеси на клупско поле во неговата кариера.
„Јас мислам дека
да се освои нешто со националниот тим на Англија дефинитивно би било
најголемото достигнување кое би можел да го постигнам во својата кариера“ вели
Стерлинг.
„Имам чувство
дека кога победувате на клупско ниво свесни сте дека тоа е големо достигнување,
меѓутоа ова е нешто над тоа“ додава тој.
„Вие презентирате
цела нација, држава, со самото тоа, да постигнам нешто со Англија би било најдоброто
нешто што би можело да се случи во мојата кариера“ заклучи ѕвездата на Англија.