Рахим Стерлинг ја предводи листата на ѕвезди во составот на Манчестер Сити за кои клубот е подготвен да ги продаде уште во претстојниот летен преоден рок.
Првакот во Премиерлигата планира да го освежи составот за новата сезона, а освен Стерлинг, се наведува дека на листата истовремено се наоѓа и Ријад Марез.
Тоа што е интересно, а за што тврдат на Островот, е тоа дека Арсенал е заинтересиран и за двете ѕвезди на „Граѓаните“, а од таму додаваат за одличната конекција која тренерот на „Топчиите“, Микел Артета ја има со нив, благодарение на неговиот престој во Манчестер Сити како помошник на Гвардиола претходно.
Меѓутоа, секако постојат одредени дилеми околу способноста на Арсенал гледано од финансиски аспект за реализација на вакви големи трансфери, со оглед на финансиската криза која владее во тој клуб, но и отсуството од европските натпреварувања.
Се верува дека освен Стерлинг и Марез, Манчестер Сити не би имал ништо против дури и за продажба на Габриел Жесус, но и Емерик Лапорт.