131
Се шпекулира дека
Рахим Стерлинг е заинтересиран да се пресели на позајмица во редовите на
Барселона, а сево ова откако Англичанецот јавно најави дека би можел да си
замине од редовите на „Граѓаните“.
26 годишниот
крилен напаѓач е фрустриран поради малата минутажа која ја добива од Пеп
Гвардиола во новата сезона, а Манчестер Сити наводно не би имал ништо против да
го продаде својот фудбалер доколку пристигне понуда според нивните барања.
Самиот Гвардиола
јасно наведе дека во својот тим не посакува да има фудбалери кои не се среќни
во тимот, а се верува дека „Граѓаните“ би прифатиле понуда од околу 80 милиони
евра.