Стефан Ристовски кариерата ја продолжува во Турција?

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски по заминувањето од Динамо Загреб, кариерата би можел да ја продолжи во Турција.

Како што пренесува „Спортске Новости“, сериозен интерес за дефанзивецот покажал новиот член на елитното турско друштво, Кочалиеспор, клуб кој наводно има амбиција да ги ангажира и хрватските фудбалери Бруно Петковиќ и Маро Пјаца.

Ристовски неодамна и официјално се збогуваше со Динамо Загреб, каде што од 2021 година освои дури осум трофеи. Во дресот на хрватскиот шампион запиша 185 настапи, постигна седум погодоци и запиша 21 асистенција, оставајќи длабока трага во клубот.

Сега, се чини, следната станица во неговата богата кариера би можела да биде Турција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×