Стефан Ристовски му оддаде почит на Жота – тренираше во португалски дрес (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски, кој по разделбата со Динамо Загреб сè уште е во потрага по нова средина, изминативе денови активно тренира на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Ново Лисиче.

Денешниот тренинг тој го одработи во дрес на Португалија како симболичен гест на почит кон трагично починатиот Диого Жота, фудбалерот на Ливерпул кој вчера го загуби животот во сообраќајна несреќа заедно со својот брат, Андре Силва.

Со овој чин, Ристовски им се приклучи на бројните фудбалски имиња од целиот свет кои со болка и тага се простија од Жота и неговиот брат Андре Силва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×