Стартни состави: Македонија далеку поофанзивна во Астана, со два напаѓачи против Казахстан!

by 24 фудбал
0 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Казахстан во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство.

Селекторот Благоја Милевски направи три промени во однос на претходниот меч против Белгијците во Скопје и тие се офанзивни. Наместо Бојан Илиевски на десната бековска позиција се најде Стефан Деспотовски, а стартери ќе бидат офанзивните Дарко Чурлинов и Александар Трајковски на местата на далеку подефанзивните Јани Атанасов и Андреј Стојчевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани