„Станав светски шампион со Аргентина во Катар, а сега никој не ми се јавува…“

by bojan
2 минути читање

Поранешниот напаѓач на Севиља и Аталанта, Папу Гомез открива како се справува со предизвиците откако доби двегодишна суспензија поради паднат допинг тест.

Папу Гомез со Аргентина стана светски шампион на мундијалот во Катар, но по најголемиот успех во кариерата, следуваше и најлошото искуство – напаѓачот доби двегодишна суспензија поради паднат допинг тест.

Причината за суспензијата е банална, Папу Гомез се напил сируп за кашлање од своите деца и заборавил да го пријави кај докторите во Севиља и допинг контролата. Па сега има живот сосема различен од претходно, тренира со нисколигашки клубови во Шпанија и Италија, далеку од очите на јавноста.

„Како да почнувам од нула, повторно се однесувам како дете кое сонува за да дебитира во прва лига. Мора да се помирам дека повеќе го нема „Папу Гомез“, сега сум обичен човек, треба да го ставам егото на страна, да се обидам да преживеам бидејќи сега сум само Алехандро и никој не ми се јавува и покрај тоа што сум светски шампион. Исчезнав од сцената, не играм повеќе“ – вели Аргентинецот.

Веста дека паднал на допинг тест ја добил на само два дена пред финалето на Светското првенство во Катар.

„На само два дена пред финалето и дуелот против Франција, добив мејл и известување дека сум паднал на допинг тест. Ужасно е да добиете вакви информации пред финале на Светско првенство, паднав болен. Не кажав на никого бидејќи сакав целиот фокус да биде на финалето. Ќе беше многу себично на момците да им кажев нешто волку ужасно во пресрет на финале на Светско првенство“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани