Поранешниот
холандски дефанзивец Јап Стам ги повика фудбалерите на Манчестер јунајтед да му
помогнат на својот соиграч Хари Мегваер да си ја врати својата посакувана
форма, а капитенот на „Црвените ѓаволи“ е под постојани критики поради честите
грешки во играта.
„Тој е лесна цел
за критики, а сето тоа бидејќи е многу лесно да кажете дека тој прави грешки
или погрешни одлуки во играта“ рече Стам откако извесен период се појавуваат
повици од страна на навивачите на клубот од „Олд Трафорд“ да му биде одземена
капитентската лента на Мегваер.
„Сите кои се дел
од фудбалската игра, дури и јас кога играв правев грешки, исто така донесував и
погрешни одлуки на теренот, мислам на него, нему му е потребна помош од
соиграчите, треба да ја има довербата од луѓето околу него“ додаде поранешниот
стопер на Манчестер јунајтед.
„Мегваер е
одличен во националниот тим, веќе докажа дека може да игра на високо ниво, тоа
го докажа и во дресот на Манчестер јунајтед“ нагласи Стам.