Стадионот во Наполи би можел да биде преименуван во чест на Марадона

by
1 минути читање

Навивачите на
италијанскиот прволигаш Наполи започнаа петиција за стадионот „Сан Паоло“ да
биде преименуван, а секако во чест на Диего Армандо Марадона по смртта на еден
од најдобрите фудбалери во историјата, инаку поранешен член на тој клуб.

Марадона почина
на 60 годишна возраст, откако претходно беше утврден хематом во мозокот по што
беше итно опериран, меѓутоа Аргентинецот не го преживеа постоперативниот
период, а денеска светот ја дозна трагичната вест откако добил срцев удар.

Во Италија
наведуваат дека преименувањето на стадионот во „Ел Пибе де Оро“
(златното момче) би можело да донесе големо значење
во смисла на тоа Марадона да остане секогаш присутен на познатата фудбалска
арена во Неапол како негов природен дом.

Што се однесува
до Наполи, за овој клуб Марадона одигра 188 натпревари на кои постигна 91
погодок, а во дресот на италијанскиот клуб играше од 1984до 1991. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×