157
Атлетико Мадрид потврди дека потпиша договор за промена на името на стадионот, наместо Ванда Метрополитано, тој отсега ќе се вика Ријад Ер Метрополитано.
„Постигнавме договор со нашиот главен спонзор да го именуваме нашиот стадион Ријад Ер Метрополитано до 2033 година, првиот меч со новото име на стадионот ќе биде против Леганес на 20 октомври“, стои во соопштението на Атлетико Мадрид.
Според шпанските медиуми, клубот за името на стадионот ќе заработи меѓу 250 и 300 милиони евра вкупно.