186
Србија славеше на
гостувањето кај Португалија во последното коло од групата „А“ со 1-2 во
квалификациите за Светското првенство, а со самото тоа го освои првото место во
својата конкуренција.
Со тоа Србија се
пласираше директно на Мундијалот, а на Португалија и останува својата шанса да
ја бара во плејоф рундата, а веќе стана традиција противничките навивачи по
победа против Кристијано Роналдо да прославуваат со неговото препознатливо „Сиу“,
а тоа го сторија и српските навивачи.