Средба Барселона-Валенсија, се разговарало за двајца фудбалери

by
1 минути читање

Како што пренесува
новинарот Жерард Ромеро, попладнево во ресторан во Барселона имало средба
помеѓу Барса и Валенсија, претседателот Жоан Лапорта разговарал со својот
колега Анил Мурти.

Се шпекулира дека
тема на разговор биле Хозе Луис Гаја и Карлос Солер, двајца фудбалери со
договор до 2023 и без желба да ја продолжат соработката со Валенсија.

Хизе Луис Гаја е
идентификуван како одлично засилување за левата бековска позиција и замена за
Жорди Алба, но во последно време се погласни се гласините за пристигнување на
Маркос Алонсо од Челси.

Што се однесува
до Карлос Солер, тој се посочува како наследник на Френки де Јонг, во случај
Холанѓанецот да биде продаден ова лето за да се приберат средства за трансфери.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани