266
Во последниот натпревар од 12. коло во Примера, фудбалските љубители можеби не видоа гол, но имаше атрактивна интервенција на голманот на Еибар, која сигурно ќе биде кандидат за одбрана на годината.
Во 53. минута од мечот, Урош Рачиќ атрактивно закачи волеј од 20 метри, испрати проектил кон противничкиот гол, но наместо да се радува на погодокот на кариерата, гледаше како сонародникот Марко Дмитровиќ ги собира сите честитки.
SAVE OF THE SEASON?!
That’s UNREAL, @the_mitrovic1! #EibarValencia pic.twitter.com/5XewBfGXC2
— LaLiga English (@LaLigaEN) December 7, 2020