Македонија одигра 1-1 на гостувањето во Србија, па се зголеми надежта дека во Скопје можеме да ги совладаме. Но реалноста е сосема поинаква.
Србите доминираа и на тој меч кога нашиот голман правеше чуда на голот, но овој пат немавме сили да се одбраниме иако први дојдовме во водство.
Македонија поведе со гол на Исмаили по една убава акција, но радоста не траеше ни половина минута, Першиќ од пенал изедначи на 1-1.
Брзо потоа стрелаа и Петровиќ, Петров и Лазаревиќ за убедливи 4-1 на полувремето за Србија, по првите 20 минути се беше јасно.
Во второто полувреме погодија и Томиќ и Ракиќ за убедлива победа на Србија од 6-1.
Шансите за Македонија да се пласира на Европското првенство сега се сведени само на теорија, но во реалноста се чини дека тоа е невозможна мисија.