Срамота: Мбапе се откажа од нападот зошто не му ја подадоа топката! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ПСЖ некако успеа да го убеди Килијан Мбапе да остане наместо да се пресели во Реал Мадрид, тогаш се пишуваше дека на напаѓачот му биле ветувани брда и долини, односно да биде газда на клубот.

Иако одредни информации треба да се земат со доза на резерва, она што вечерва го направи играчот е доказ дека има преголема слобода.

На натпреварот против Монпеље, ПСЖ тргна во контра, Мбапе ја бараше топката, но Витиња реши акцијата да оди по другата страна.

Французинот разочаран од ваквата одлука, престана да трча и се откажа од нападот. Да продолжеше да ја следи акцијата, можеше да влезе во гол шанса откако Меси, Витиња и Хакми убаво комбинираа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани