Срамен гест на Диало: Им покажа среден прст на фановите по поразот на Јунајтед од полупрофесионалците во Малезија! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Амад Диало во центарот на скандал на азиската турнеја на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ доживеаја нова бламажа на пријателскиот меч против селекцијата ASEAN All-Stars, составена од играчи од земји како Малезија, Камбоџа и Лаос, но навивачите сепак ги пречекаа со еуфорија.

И додека фановите излегоа на улиците за да ги поздрават ѕвездите од Олд Трафорд, Диало реши да не застане, туку во движење им покажа среден прст. Гест кој само ја надополни лошата слика од турнејата, заедно со поразот, уличната „лузерска“ парада и бизарната молба на еден играч за скутерска донација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани