Илија Несторовски
и Александар Трајковски поради сосема различни причини се поврзуваат со
заминување од Ренцо Барбера.
„Нестогол“ игра
во одлична голгетерска форма, па е желба на неколку клубови од Серија А, помеѓу
кои Торино и Фиорентина.
Алекс пак изминативе месеци не добиваше многу шанса, Палермо не беше задоволен
од неговото залагање, па и за него се пишуваше дека ќе го напушти клубот од
„Сицилија“.
Сепак, Трајковски
блесна на последните натпревари, постигна два гола на три средби, па Палермо не
помислува да го продаде, а истото важи и за Несторовски.
„Дали Несторовски
и Трајковски се „недопирливи“ и нема да бидат продадени? Да, апсолутно” – вели спортскиот директор Фабио Лупо.
„Нашата намера,
исто како и на двајцата играчи, е тие да останат. Секако, во фудбалот се е
можно, но мали се шансите тие да заминат”.