Спортскиот директор на
Манчестер јунајтед, Џон Муртоу отворено проговори за турбулентниот период со
кој се соочи клубот од „Олд Трафорд“ во периодот од отказот за Оле Гунар Солшер
до назначувањето на Ралф Рангник за нов тренер.
„Со сета почит
кон Оле, ние не му пристапивме на ниту еден тренер се’ додека тој го предводеше тимот“ тврди Муртоу.
„Потоа, нашиот
план беше да ангажираме искусен тренер, а Ралф беше нашиот прв избор“ додаде
тој.
„Ние сите
чувствувавме оптимизам, постоеше одредена самодоверба во тимот, верувавме дека
можеме да продолжиме со градењето на тимот поради прогресот кој го видовме
изминатите две сезони, а по почетните резултати во новата сезона, работите
излегоа од планот“ подвлече спортскиот директор на „Црвените ѓаволи“.
„Како клуб, ние
чувствувавме дека Оле ја заслужи довербата за да добие шанса да донесе пресврт
во целата таа ситуација, но немаше реакција, а мечот со Ватфорд јасно стави
дознаење дека потребна е промена“ заклучи Муртоу.