Спортскиот директор на Ливерпул си заминува по 10 години, откри дека на кучето му дал име по омилениот играч

by
1 минути читање

За враќањето на
Ливерпул на шампионските патеки голема заслуга има Јирген Клоп, но Германецот
немаше да стигне до успех без спортскиот директор Мајкл Едвардс, кој влечеше
одлични потези на тренсфер пазарот и без да потроши многу пари создаде тим по
мерка на Германецот.

Сепак, „црвените“
во иднина ќе треба да се снаоѓаат без овој важен оперативец, Мајкл Едвардс
попладнево соопшто дека по крајот на сезоната си заминува и става крај на 10
годишната авантура на Енфилд.

Ливерпул објави
огромно писмо со кое Мајкл Едвардс се збогува и ја образложи својата одлука,
спортскиот директор ја искористи оваа прилика и за мала шега.

„Едно од
прашањата кои најчесто ми се поставуваат е, „Кој е/беше твојот омилен играч?“
Ова е тешко прашање за одговарање, па нема и да се обидам да го сторам тоа. Ќе
кажам само дека моето куче се вика Боби“
– вели спортскиот директор на
Ливерпул.

Боби е прекарот на
Роберто Фирмино, кој беше купен во 2015 од Хофенхајм за 21 милион фунти, сума
која подоцна скокна на 28 милиони фунти откако се остварија одредени бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×