Името на Кристијано
Роналдо често е дел од трансфер шпекулациите, наводно ЦР7 не е задволен од тоа
што ривалите на Манчестер јунајтед осетно се засилуваат а на Олд Трафорд ништо
не се случува, па побарал да замине а неговиот агент Жорж Мендеш го понудил на
многу клубови.
„Неколку извори
ми потврдија дека Рома се обидува да го ангажира Кристијано Роналдо“ – вели поранешниот
фудбалер Анџело Ди Ливио, кој е роден во Рим и една година беше дел од Рома.
„Од она што го
слушнав во последните неколку дена, Рома напорно работи на зделката и на 7. јули
може да пристигне официјална потврда за трансферот“.
„На оваа тема
постојано кружат информации низ фудбалските кулоари. Многу поранешни фудбалери
зборуваа, многу агенти… Пред неколку дена разговарав со добар пријател кој
работи во телевизија и тој дознал за преговорите со Роналдо од многу важен
директор во Рома“.
Пред неколку дена
со слична изјава излезе уште еден поранешен фудбалер, Фабио Петуци, кој го
носеше дресот на „волчицата“ од 1994 до 2000.
„Со сигурност
знам од добро упатен човек кој работи во светот на фудбалот дека Рома се
обидува да го ангажира Кристијано Роналдо. Треба да се испеглаат уште некои
детали, особено имиџ правата“ – рече Петруци.