125
Македонија во четврток со почеток од 20:45 часот го пречекува Косово во полуфиналето од Лигата на нации. Репрезентативците се подготвуваат за големиот натпревар кој е најзначаен за нашата селекција во досегашната историја.
„Ако направиме добар резултат мислам дека имаме големи шанси да играме на Европско првенство. Поквалитетен тим сме, играме на домашен терен и треба да дадеме се од себе“, вели Стефан Спировски.
„Знаеме што значи Горан Пандев за македонската репрезентација, тој е лидер, капитен, најдобар играч, тој ќе значи многу за овој натпревар и треба да го искористиме“.
„Ова е најважниот натпревар во нашите кариери, да го дочекаме 8ми и да покажеме што можеме и да ги израдуваме навивачите“.