Натпреварот меѓу Англија и Гана на Светското првенство започна со необична сцена која брзо се прошири на социјалните мрежи.
За време на традиционалното поздравување пред почетокот на средбата, камерите забележаа дека Џед Спенс го прескокна Томас Парти и не му подаде рака на ганскиот репрезентативец. Десниот бек на Англија беше единствениот фудбалер од својот тим кој не се поздрави со искусниот играч од средниот ред.
Потегот веднаш предизвика бројни коментари меѓу навивачите и медиумите, особено бидејќи сцената беше јасно забележлива во телевизискиот пренос.
Воедно, Парти беше во центарот на вниманието и за време на самиот натпревар. Англиските навивачи на стадионот во Бостон го исвиркуваа речиси при секој негов контакт со топката, па играчот на Гана се најде под постојан притисок од трибините во текот на целата средба.
Djed Spence was the only England player who refused to shake Thomas Partey’s hand before kick-off. 🏴🤝 pic.twitter.com/CmnFLSxuxQ
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) June 23, 2026