Првата ѕвезда на
Португалија говореше пред првиот меч на Европското првенство, со тоа што
најпрво беше запрашан околу неговата иднина на клупски план, за што постојат
безброј шпекулации, кои веројатно не допираат до него.
„Играм на високо ниво цели 18 години, тоа воопшто не ми пречи“ рече Роналдо на
пресконференцијата запрашан за тоа дали шпекулациите имаат влијание врз него, а
се шпекулира дека е на излезна врата од Јувентус ова лето.
„Што и да се
случи, тоа ќе биде најдоброто за сите, без разлика на тоа дали ќе останам во
Јувентус, или ќе си заминам, тоа сепак не е најважното во моментов, фокусиран
сум на националниот тим“ додаде Португалецот.
„Вакво
натпреварување не се игра секој ден, ова за мене е петто учество на Европските
првенства, меѓутоа во умот се чувствувам како да ми е прво“ подвлече Роналдо
кој нагласи дека Португалија е помлада селекција од 2016 година кога ја освои
европската титула, а самиот турнир годинава ќе го даде одговорот на прашањето
дали тие се подобра селекција од што биле тогаш.