797
Победникот беше решен во првото полувреме. Резултатот го отвори Варди во 23. минута, три минути подоцна погоди Еванс, а во 36. минута конечните 3-0 ги постави Ихеначо.
Ова беа многу важни три бода за Лестер во битка за топ четири позициите, а ВБА ќе има речиси невозможна мисија да се спаси во последните шест кола.