Шпанската
полиција очекува помеѓу 400 до 500 хулигани од Аргентина да се најдат во Мадрид
за пресметката помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во реванш мечот од големото
финале во Копа Либертадорес.
Поради
инцидентите кои се случија во пресрет на реваншот кој Ривер Плата требаше да го
одигра пред своја публика, откако навивачи на тој тим го каменуваа гостинскиот
клупски автобус, се дојде до решение реваншот да се одигра на Сантијаго
Бернабеу во Мадрид, нешто што сигурно нема да биде во полн сјај како тоа што би
се случило во Аргентина.
„Има по 20.000
влезници за обата клуба, а воедно и 10.000 останати кои доаѓаат од Аргентина“
вели владиниот делегат на шпанските власти, Хосе Мануел Родригез.
„Шпанската
полиција работи максимално за да го одржи редот и мирот за овој натпревар,
очекуваме група помеѓу 400 до 500 лица кои се посебно насилни“ додава тој.
„Работиме со максимална
безбедност по ова прашање, почнувајќи од аеродромот, низ сите патишта каде тие
ќе бидат, автобуските станици, како и метрото, за да ги детектираме тие насилни
лица кои имаат криминално досие“ заклучи Родригез.
Како за
потсетување, првиот меч помеѓу двата големи аргентински ривали, на терен на
Бока Јуниорс заврши нерешено, со резултат 2-2.